Во силен пожар што денеска избувна на брегот на Охридското Езеро изгоре голем дел од трската во крајбрежниот појас на северниот дел на езерото, на потегот меѓу Подмоље и поранешниот автокамп „Андон Дуков“.
Територијалната противпожарна единица од Охрид интервенираше со повеќе противпожарни возила и екипи, но пламенот беше тешко да се локализира, така што уништен е голем дел од трската, како и друг вид џбунести растенија и неколку дрвја во крајбрежниот појас.
Причините за избувнувањето на пламенот не се познати, но речиси извесно е дека се работи за човечки фактор.
Трската во Подмоље и претходно беше опожарена во неколку наврати, последен пат кон крајот на минатиот месец.