mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Работен состанок на Координативниот тим на ГЕФ Дримскиот проект

Работен состанок на Координативниот тим на ГЕФ Дримскиот проект

Типографија

Во рамките на ГЕФ Дримскиот проект, од вчера во Тирана се одржува работен состанок на Координативниот Тим на Проектот со националните експерти од Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора кои ќе ги изработуваат Тематските извештаи во рамките на Прекуграничната дијагностичка анализа на Дримскиот Басен.

На состанокот ќе се утврдат начините на колектирање на податоците и изготвување на анализите и тоа за загадувањето, хидрологијата и хидрогеологијата, биодиверзитетот, социоекономијата, инстутиционалната и легална поставеност и врската помеѓу водата, енергијата, земјоделието и екологијата. Извештаите ќе треба да дадат заклучоци за статусот и мерките во сите наведени сектори.

Овие извештаи се и поддршка на Прекуграничната анализа и со тоа на Стратешкиот акциски план за целиот Дримски Басен кој ќе ги утврди приоритетите за идна акција за заштита и унапредување на управувањето со басенот и со трите езера кои се во негови рамки Охридско, Преспанско и Скадарско.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS