Општина Дебрца почна со реализација на најавената реконструкција на Пумпната станица „Свети Еразмо“ што е дел од системот за водоснабдување на селата Оровник, Горенци, Требеништа и Подмолје.
Според предвидените активности, планирано е со зафатот да се изврши прочистување на 80 метри длабокиот бунар за вода, поставување нова помоќна и поекономична пумпа, поставување нов хлоринатор, замена на електрониката за автоматско функционирање на пумпата, како и замена на нејзините фасонски делови.
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски вели дека зафатот ќе обезбеди подобро и поквалитетно водоснабдување за целото население од тој атар, како и поефикасно управување со системот за водоснабдување.
- Особено подобрување во водоснабдувањето во летниот период кога поради застареноста на пумпната станица, доаѓаше до прекин во водоснабдувањето - рече Трајкоски.
Средствата за реконструкцијата на пумпната станица кај „Свети Еразмо” од околу милион денари се обезбедени преку проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води" што го реализира Владата со средства добиени од Европската инвестициска банка.