mksqen

Проектот за еколошко новинарство претставен во Штип

Проектот за еколошко новинарство претставен во Штип

Типографија

Центарот за еколошка демократија Флорозон организираше промотивен настан во Штип, каде што го претстави проектот за развој на еколошкото истражувачко новинарство.

Граѓаните на Штип имаа можност да се запознаат со целите и со активностите на проектот, со застапеноста на темите од животната средина во медиумите и со потребата да се подигне нивото и на квантитетот на содржини обработени во јавните гласила, и на квалитетот на еколошките истражувачки стории. Со тоа треба да се подигне јавната свест во врска со проблемите со животната средина и во врска со потребата од посилен граѓански ангажман, како со менување на навиките на секој поединец, така и со подигнување на граѓанскиот притисок врз институциите, за да се решат проблемите и да се подобрат состојбите.

  • Увидовме дека темите од животната средина се многу малку застапени и дека има потреба да се зголеми нивното присуство во медиумите. Целта е тоа да се постигне преку вмрежување на невладините организации што работат во оваа област со медиумите, и преку тоа партнерство да се продуцираат истражувачки стории. Дадени се грантови на десет граѓански организации за да изработат истражувачка сторија - рече Кирил Ристовски, претседателот на Флорозон.

Проектните активности беа презентирани преку делење информативни летоци на штипскиот плоштад, а тимот на Флорозон заедно со претставници од локалната самоуправа гостуваа во телевизијата Стар.

Ристовски исто така потсети дека во рамките на проектот се организира фотоконкурс со награден фонд од 1.200 евра што ќе се доделат за шест фотографии, по три за лоши состојби (ѕид на срамот) и за добри практики (хала на славните) од областа на животната средина

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија