Глутница од повеќе овчарски кучиња и кучиња скитници усмртиле седум кози, две потешко повредиле и уште пет полесно, откако влегле во шталата на Р.А. во атарот на тетовското село Доброште.
Според пријавата на сопственикот, како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, нападот на глутницата се случил додека тој не бил во шталата.
- Во неа имало 16 кози, а поради нападот на глутницата врз козите вкупната штета се проценува на 60 илајди денари. Полицијата извршила комплетен увид и работи на решавање на случајот - вели Јосифовски.