mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Конзервација на петвековниот даб во селото Бели

Конзервација на петвековниот даб во селото Бели

Типографија

Општина Кочани подготви елаборат за заштита на петвековниот даб-платан кај селото Бели за  негова реставрација и конзервација.

Со ова ќе се придонесе  оваа природна реткост во овој дел од  Источна Македонија да  биде заштитена и ставена на увид на јавноста.

  • Како општина и досега се грижевме за заштитата на дабот кај село Бели. Преку Центарот за развој на Источниот плански регион  направивме елаборат кој треба да се достави до Министерството за животна средина и просторно планирање за понатамошна заштита и обезбедување на финансиски средства. Паралелно со ова како општина очекувам на престојната седница на Советот на општината  Кочани која е закажана за 27 февруари да се донесе одлука за пристапување кон заштита на дабот кај село Бели - вели градоначалникот Ратко Димитровски.

Во подготовката на елаборатот, истакна тој,  добивме целосна подршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Инаку, дабот кај село Бели во 2012 година страдаше од удар на гром при што беше направена неопходната санација на опожареното стебло. Меѓутоа според Димитровски, неопходно е да се направат конзерваторски активности за негова заштита и продолжување на векот на траење.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS