mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Парно греење за училиште во струмичко

Парно греење за училиште во струмичко

Типографија

ООУ „Герас Цунев“ доби систем на топловодно греење. Проектот е реализиран со помош на Општина Струмица.

  • Со заедничко залагање на училиштето и на локалните власти,   успеавме да ја затвориме финансиската конструкција од 2,5 милиони денари. Ова е една од најкапиталните инвестиции што ја имавме последниве години - рече Ванчо Манолев, директор на ООУ „Герас Цунев“ во Просениково.

Според Манолев, училиштето во Просениково имало низа капитални инвестиции со кои се решиле долгогодишните проблеми и на учениците и на професорите.

  • Имаме фекална канализација, модерни тоалети во склоп на училишната зграда, нови прозорци и термофасада. Објектот на нашето училиште е модерен и современ и ни претставува посебна гордост. Секојдневно ги подобруваме материјално-техничките услови за работа и тежнееме кон создавње млади индивидуи кои можат да го понесат товарот на градењето иднина на свои плеќи - рече Манолев.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS