Водостопанство на Македонија Подружница „Брегалница“ од Кочани паралелно со чистењето на каналската мрежа во атарот на општина Кочани, со механизација почна и со чистењето на каналската мрежа во општината Чешиново Облешево.
- Со цел навремено започнување на наводнителаната сезона која се планира да започне на 15 април, општина Чешиново Облешево во соработка со Водостопанство „Брегалница“ од Кочани ги започна активностите за чистење на каналската мрежа во повеке атари на општината. Во координација со земјоделците од општината кои предходните години често реагираа на неисчистените канали и загубата на вода за наводнување на полињата, годинава каналите ке бидат исчистени навреме, односно два месеци пред почетокот на наводнителната сезона - вели Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.
Механизацијата Водостопанство од Кочани работи во атарот на село Уларци, по што етапно ќе се чистат каналите во останатите населени места во општината.
Според планот во општина Чешиново Облешево ке бидат исчистени 60 километри вади и канали за наводнување на обработливи земјоделски површини, како и 17 километри одводни канали во атарот на Чешиново и Облешево.