mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

И Македонија ќе почне да бара спас од загадувањето

И Македонија ќе почне да бара спас од загадувањето

Типографија

По неколку месечно алармирање од јавноста за зголеменото ниво на ПМ 10 честичките во воздухот надлежните институции конечно почнаа да размислуваат како да се бара спас од енормното загадување.

Владата ги разгледа предлог мерките на Министерството за животна средина и просторно планирање и усвои неколку заклучоци.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи, во најбрз можен рок, да направи измени и дополни на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел овозможување на спроведување на наредба за органичување на сообраќајот, односно воведување на мерката пар-непар. Задолжени се и сите органи на државната управа да ја ограничат до 50 отсто употребата на службените возила при надминување на прагот на алармирање. При надминување на прагот на алармирање советите на општините и претпријатијата за јавен паркинг ќе треба да ја зголемат цената на паркинг услугата со што би се стимулирало користењето на јавен транспорт како и друг вид алтернативен превоз.

„Македонски шуми“, пак  во рок од еден месец треба да изготви и до Владата да достави анализа за состојбата на дрвната маса која се користи за огрев од домаќинствата, во однос на процентот на влажност, и во рок од два месеца да издготви и до Владата да достави план за постепено постигнување на стандардот од 20 отсто влажност на дрвната маса која се користи за огрев од домаќинствата во државата. Исто така, задолжен е и Комитетот за здравје и животна средина да организира и во рок од 30 дена да одржи посебна седница со една точка на дневен ред, предлагање мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот во Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS