mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Жители на Општина Дебрца се против изградба на асфалтна и бетонска база кај Ново Село

Жители на Општина Дебрца се против изградба на асфалтна и бетонска база кај Ново Село

Типографија

Жители на селото Песочан во Општина Дебрца одржаа мирен протест во Ново Село покрај магистралниот пат од Охрид до Кичево, против изградбата на асфалтна и бетонска база на локалитетот „Царополе“ во атарот на Ново Село.

Тие посочуваат дека со протестот ќе бараат од надлежните институции да преземат мерки за стопирање на изградбата на базите и заштита на животната средина. Истовремено предупредуваат дека доколку не им се излезе во пресрет, ќе преземат порадикални мерки, односно блокирање на сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Граѓани на селата што гравитираат во тој дел на Дебрца пред неколку месеци по неколку слични протести, испратија петиција до министерствата за животна средина и просторно планирање, транспорт и врски, како и до Агенцијата за државни патишта, предупредувајќи дека отпочнувањето со работа на базите и со испуштањето на нус-производите од производството на асфалт ќе доведе до трајно загадување на површинските и подземните води, до загадување на реката Сатеска, а со тоа и загадување на единствениот извор за наводнување на обработливите земјоделски површини.

  • Реката Сатеска се влива во Охридското езеро кое што е заштитено од УНЕСКО, со што дополнително ќе се направи штета врз животинскиот и растителниот свет во езерото. Самата сепарација што се предвидува да се направи на обработливи земјоделски површини ќе му нанесе и огромни штети на целото поле кое што се простира помегу селата Ново Село, Ботун, Белчишта и Песочан. Мора да го споменеме  и негативното влијанието на асфалтната и бетонската база врз квалитетот на воздухот и животинскиот и растителен свет кој што гравитира околу наведената локација - се наведува во петицијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS