mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Кичевчани се искачуваа на Илиница по повод Светскиот ден на извидништвото

Кичевчани се искачуваа на Илиница по повод Светскиот ден на извидништвото

Типографија

По повод Светскиот ден на извидништвото, 22 февруари, Извидничкиот одред „Мирко Милески" и Планинарско еколошкото друштво „Ендорфин" од Кичево организираа искачување на врвот Мала Корија на висина од 951 метар надморска висина на планината Илиница.

Дел од одбележувањето на Светскиот ден на извидниците, 22 февруари, се организира акција за донирање крв во соработка со Црвениот Крст-Kичево. И ова е еден настаните кои се дел од акцијата „Направи добро дело".

  • „Направи добро дело" предвидува низа активности со кои сакаме да прикажеме дел од работата на извидниците и нашата заложба за остварување на мисијата - да креираме подобар свет, а поддржана е од Civica Mobilitas - истакнуваат од извидничкиот одред и ги покануваат сите извидници, пријатели и граѓани, ако сакаат да даруваат крв да дојдат во просториите на Црвен крст-Кичево на 22 февруари од 10 до 15 часот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија