mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Жените најзасегнати од енергетската сиромаштија

Жените најзасегнати од енергетската сиромаштија

Типографија

Во светски рамки под енергетска сиромаштија се подразбира потрошувачка на електрична енергија под два американски долари дневно по член на семејство, а најпогодени од неа се жените, бидејќи мораат рачно да мијат садови и да перат алишта за да заштедат енергија.

Затоа нашето општество треба да дефинира што е праг на енергетска сиромаштија кај нас и да преземе мерки за нејзино намалување.

Ова се заклучоците од тркалезната маса на тема „Што претставува енергетската сиромаштија – дефиниција и препораки за нејзино намалување“ што се одржа во Скопје како завршен дел на проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ финансиран од програмата Интелегентна енергија Европа - Intelligent Energy Europe (IEE). Проектот го спроведуваше Здружението МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ) од февруари 2014 до февруари 2017 година.

Тркалезната маса имаше за цел да ги претстави резултатите од проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ пред пошироката јавност, како и да поттикне дискусија за дефинирање на енергетската сиромаштија во земјава и создавање препораки за нејзино намалување. На неа присуствуваа претставници на институциите и организациите кои се засегнати од енергетската сиромаштија и начините и препораките како да се намали.

  • Ваучерите што се даваат за енергетската сиромаштија помагаат само моментално, но доколку  се преземат мерки за подобрување на енергетската ефикасност на становите или со купување на домашни апарати со висока категорија на енергетска ефикасност нема да има потреба од ваучери. Затоа треба да ги усогласиме мерките во секторот на енергетската ефикасност како да се помогне на граѓаните, особено на жените - рече професорот Константин Димитров од МАЦЕФ.

Тој посочи дека институциите кај нас имаат кадар и ресурси да ги спроведат мерките за енергетска ефикасност што водат кон помала енергетска сиромаштија само треба да се оствари хоризонтаната соработка меѓу институциите и да се донесат нормативи од кои ќе произлезе програма во која на најсиромапшните семејства ќе им се подобри стандардот на живеење.

Локалниот проектен координатор Жарко Илиевски посочи дека досега има неколку дефиниции за енергетска сиромаштија кои доста широко го опфаќаат опсегот на проблематиката.

  • Затоа е неопхдно да се напрви дефиницја која ќе тангира определана целна група на домаќинства со што ќе може и владата и организациите кои работат на оваа проблематика да и понудат мерки за енергетска ефикасност на таа целна група за да се намали енергетската сиромаштија. Главната цел значи е да се оформи групација на домаќинства на која ќе може да се делува - рече Илиевски.

Тој порача дека има многу критериуми за енергетска сиромаштија и додаде дека во светски рамки во енергетски сиромашни домаќинства влегуваат оние домаќинства што имаат за член инвалидизирано лице, домаќинства во кои живеат мал број на членови на голема станбена површина.

  • Во најголемите дел на случаите во Македонија енергетската сиромаштија е забележана преку загревање на една просторија во домовите. Според статистиките во Македонија 76 отсто од домаќинствата се греат на огревно дрво и загреваат најмногу  од 16 до 20 метри квадратни од станбениот простор. Токму тој тип на енергетска сиромаштија е најзастапен во земјава и затоа е потребно да се делува во таа насока - рече Илиевски.

Тој нагласи дека МАЦЕФ во соработка со ЕТУЦ „Михајло Пупин“ и Општинската организација на Црвен Крст Гази Баба во 2016 година, во рамки на проектот, изврши анкетирање, анализа и доделување на уреди за рационално користење на енергијата на 400 енергетско сиромашни домаќинства во реонот на градот Скопје. Ним им беа доделени уреди како  рефлектирачки фолии за позади радијатори и печки, ленти за дихтување за прозорци, продолжни кабли за исклучување на уредите кои работат во оф мод, и сето тоа во вредност од 30 евра по домаќинство.

  • Според направените анализи на софтверот се дојде до заклучок дека потенцијалните заштеди на енергија при користењето на уредите за рационално користење енергија во овие домаќинства се на ниво од три до пет отсто на електрична енергија и пет до седум отсто топлинска енергија, што значи дека постои реална можност за намалување на потрошувачката на енергија со ваквиот пристап. Треба да се направат и дополнителни анкетирања за да видиме колкави се реално заштедите - рече Илиевски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS