mksqen

Гевгелија ќе добие нов водоснабдителен систем од 1,7 милиони евра

Гевгелија ќе добие нов водоснабдителен систем од 1,7 милиони евра

Типографија

Со финансиска поддршка од ИПА фондовите во Гевгелија почна реализација на проект за унапредување на водоводниот систем.

Со овој систем треба да се подобри водоснабдувањето на 17 илјади жители во Гевгелија, Мрзенци, Моин, Богородица, како и Селеми и Стојаково во општина Богданци.

Предвидена е изградба на четири бунари, пупмпна станица, станица за хлорификација на водата, цевки и резервоар за вода со капацитет од илјада метри кубни.

Вкупната вредност на проектот е 1,7 милиони евра, а Министерството за финансии, како што информира министерот Кирил Миноски, даде свој придонес со обезбедување средства преку Проектот за подобрување на општински услуги во висина од 1,6 милиони евра од кои 260 илјади евра се грант. Сто илјади евра се обезбедени преку Проектот за водовод и канализација на Министерството за транспорт и врски.

Проектот кој освен непречено снабдување со чиста вода за пиење на овие места, ќе придонесе и за развој на локалната економија преку создавање можности за отворање земјоделски преработувачки капацитети, индустриски капацитети и нови мали бизниси, но и развој во примарното и секундарното сточарско производство.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар нагласи дека ваков проект се спроведува првпат во рамки на неодамна започнатата кампања „ЕУ за тебе“.

  • Морам да потенцирам дека на многу успешен начин  општина Гевгелија успеа да искомбинира различни извори на фондови за финансирање на проектот  и мислам дека токму овој начин на реализација на пионер проект  треба да служи како пример на другите општини како треба да спроведат големи проекти  и како да ги реализираат - рече Жбогар  и додаде дека очекува благодарение на проектот  да се зачува здравјето на населението,  да се зголемат заштедите на домаќинствата и да се унапреди локалното  стопанство.

Новиот водоснабдителен систем треба да биде готов до ноември, а на активностите им претходеле седум години барање решение  за квалитетна вода.

Министерството за финансии го спроведува проектот за подобрување на општинските услуги од 2009 година и преку него се финансирани 80 капитални проекти во 55 општини во вредност од околу 45 милиони евра.

Проектот за подобрување на општинските услуги се реализира со поддршката на Светска банка и Европската комисија. Преку Светска банка под исклучително поволни услови се обезбедени средства за евтини кредити за општините, додека преку ИПА компонентата се обезбедуваат грантови кои се наменети за имплементација на проектите во руралните средини.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија