На барање на Охрид СОС машински инженер ја испитал водата во Охридското Езеро и констатирал дека горивото во водата не е нафта.
Според неговото мислење и првичните сондирања се работи за прегорени масла, кои имаат само 10 отсто нафта во себе, другото се минерални суровини кои се екстремно токсични. Поточно, една капка масло загадува 1 кубик вода и таму кај што има вакви масла потполно се уништува живиот свет, се наведува во соопштението од Охрид СОС објавено на социјалните мрежи.
Експертот имајќи ги предвид навиките на локалното население тврди дека маслата потекнуваат од автомеханичарски работилници чиишто несовесни мајстори менуваат масла на автомобилите, ги собираат во буриња и наместо да почекаат специјални возила кои бесплатно ги собираат бурињата да ги однесат на преработка во Скопје, полесно им е да го истурат прегореното масло во канализација.
Оваа „традиција“ кај локалните автомеханичари мора да се санкционира со високи казни.
Затоа Охрид ЅОЅ моментално е во процедура на поведување постапки пред надлежните институции со цел да се утврди изворот на проблемот, истиот да се елиминира, а сторителите соодветно да се казнат за да се превенираат вакви и слични случаи во иднина.
Охрид СОС ги молат сите совесни граѓани кои имаат какви било информации околу случајот да ги испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а тие гарантираат за заштита на идентитетот на пријавувачите.