mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Пристигнати 365 барања за надомест за купени и вградени прозорци

Пристигнати 365 барања за надомест за купени и вградени прозорци

Типографија

До Министерството за економија до крајот на рокот се пристигнати 365 барања за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата по јавниот повик објавен на 31 јануари годинава.

За оваа намена во буџетот на Министерството се обезбедени 20 милиони денари, а доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, се до искористување на средствата.

Од Министерството потсетуваат дека со оваа стимулативна мерка се надоместуваат дел од трошоците во износ од 50 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство.

  • Доколку сите баратели, кои поднеле комплетна документација, го остварат право на надомест во максималниот износ од 500 евра, со обезбедените средства ќе бидат субвенционирани најмалку 635 домаќинства. Со оглед на тоа што се очекува различен износ на инцестиции од страна на домаќинствата, со мерката ќе се поддржат околу 700 домаќинства - велат од Министерството за економија.

Оттаму потсетуват дека право на учество на јавниот оглас имаат купувачите кои имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци со кои ќе ги заменат старите дрвени прозорци, по денот на објавувањето на јавниот оглас.

Покрај тоа, барателите треба да  достават и пополнет образец за барање за искористување на правото на надоместок, кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството: www.economy.gov.mk, фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршено плаќање за услугата, издадени по денот на објавувањето на огласот, фотокопија од лична карта на барателот, податоци за трансакциската сметка на барателот и фотографии во боја од секој дрвен прозорец кој се заменува во домот и фотографии во боја од секој ПВЦ или алуминиумски прозорец кој се вградува во домот (пред и потоа).

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS