Седумдесет жители на општина Струмица поднеле барање за претрпени штети од снежните врнежи во јануари до комисијата за утврдување и проценка на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица.
Најголем дел од пријавите, односно, 52 се од населеното место Куклиш, а останатите од други населени места.
Според Ацо Ѓоргиев претседател на Комисијата, увидот на терен се уште трае, а по неговото целосно завршување ќе се прават пресметките и извештајот ќе биде доставен до Советот на општина Струмица.
По усвојувањето од Советот, извештајот за проценетата штета ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на штети, а потоа до Владата која ќе донесе конечна одлука, дали ќе има и во колкав процент ќе биде обештетувањето.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS