mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Ќе се регулира речното корито на Липковска Река

Ќе се регулира речното корито на Липковска Река

Типографија

Наскоро ќе почне да се реализира проектот за регулација на речното корито на Липковка во должина од 1,8 километри.

Проектот што треба да овозможи превенција од поплави на жителите кои живеат по течението на Липковка, ќе го релизираат УНДП, Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Куманово.

Проектот ќе биде финансиран заеднички од УНДП, кој обезбедува еден поголем дел од средствата, Министерството за животна средина кое досега вложи осум и пол милиони денари и локалната самоуправа предвиде во буџетот 12 милиони денари. Проценетата вредност за целиот проект  е околу 700 илјади долари. Тој е уште во фаза на изработка, и се очекува до крајот на летото да биде завршен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS