mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Незначителен пораст на водотеците во Кумановско

Незначителен пораст на водотеците во Кумановско

Типографија

Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово континурано ги следи состојбите со водотеците во Кумановско и пошироко во североисточниот регион и досега, има минимален, благ пораст на водостојот на реките Кумановка, Липковка и Којнарка.

Реката Липковка има нешто повисок водостој во однос на останатите две реки во Кумановско, со оглед на фактот што во тој регион имаше пообилни врнежи од снег.

  • Топењето на снегот предизвикува дополнително зголемување на водотекот, но во нормални граници - вели Горан Стојановски, раководителот на РЦУК Куманово и додаде дека ланското лето беше суво, поради што почвата има апсорпциона моќ и може да ги прифати количествата на вода предизвикани од топењето на снегот.

Топењето на снегот,потенцира тој, не може значајно да влијае врз зголемувањето на водотеците.

  • Сепак дополнителни количества на врнежи од дожд за кои има најава од Хидрометеоролошкиот завод за овие денови на територијата на север, југ и централна Македонија можат да влијаат на зголемување на количествата на вода - додава Стојановски.

РЦУК Куманово ги следи и акумулациите Липково и Глажња и тие во моментов, како што рече Стојановски, се во состојба да апсорбираат дополнителни колични на вода и од топењето на снегот и од евентуални врнежи од дожд. Сепак, нагласи, поплава може да предизвикаат исклучиво поројни дождови кога на едно место се слева огромна влажна маса и може нагло да се зголемат количините на вода.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS