mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Осми јануари бил најстуден ден годинава со минус 28 степени

Осми јануари бил најстуден ден годинава со минус 28 степени

Типографија

Во јануари годинава, кој според метеоролозите беше екстремно студен, се измерени најниските средномесечни температури досега. На 8 јануари во Берово се измерени минус 28 степени.

Според информацијата на УХМР, во целата земја средните јануарски температури се под нула и се движеле од минус 6,8 во Маврово до нула во Гевгелија. Секаде средната температура е под просекот со многугодишните просечни вредности и до пет степени. Се движела од  минус 5.9 во Берово, минус 5,4 во Лазарополе, минус 4,2 во Битола и Крива Паланка, минус 4 степени во Скопје, минус 3,6 во Прилеп, минус 3,5 С во Струмица, минус 3,3 во Штип, минус 2,7 во Демир Капија и минус 1 степен во Охрид.

На некои места температурата е пониска и за шест степени. Забележани се екстремно ниски температури на почетокот на месецот, а  апсолутно минимални температури се регистрирани на 8 јануари од минус 28 степени во Берово, минус 24,6 во Битола, минус 23,8 во Маврово, минус 23,3 во Крива Паланка, минус 23 во Лазарополе, минус 21  во Прилеп и минус 20,6 во Штип.

УХМР наведува дека во јануари 2017 беа регистрирани и обилни врнежи од снег, кои започнаа на 6 јануари, а снежната покривка во најголемиот дел од земјава се задржа до крајот на месецот, но не ги надмина досегашните максимални вредности, а направи проблем во одвивање на сообраќајот.

Максималната висина на снежниот покрив е забележана на 19 јануари и изнесувала 85 сантиметри во Маврово, 49 во Битола, 33 во Берово, 30 во Демир Капија, 22 во Скопје, 18 во Струмица, 17 во Штип и 14 сантиметри во Прилеп. Количеството на врнежите во целата Република е во рамките на просечните вредности за јануари, освен во Демир Капија  каде врнежите се двапати повисоки од вообичаените јануарски вредности.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS