mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Од денеска повторно заладување, дожд и снег

Од денеска повторно заладување, дожд и снег

Типографија

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер.

Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

  • Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен, а во источните локално и околу 20 литри на метар квадратен . Можна е и ретка појава на грмежи. Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време - соопшти УХМР.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија