Единственото решение за постоечкиот проблем во Југохром е поставувањето на филтрите со што ќе се сочува животната средина и здравјето на граѓаните, како и работните места на вработените.
Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети на средбата со претставници на синдикатот од Југохром Јегуновце на која дискутирале за нивните барања и предлози за решавање на судбината на овој индустриски капацитет.
- Министерот Амети пред претставниците на Синдикатот јасно го искажал својот став ниедно семејство да не остане без месечни приходи и ниеден вработен да не остане без работното место. Но од друга страна, министерот уште еднаш го потврдил ставот дека единственото решение за постоечкиот проблем е поставувањето на филтерите со што ќе се сочува животната средина и здравјето на граѓаните, како и работните места на вработените во Југохром - се вели во соопштението од Министерството.
Истовремено, се наведува дека министерот изразил подготвеност да ја поддржи секоја иницијатива за обезбедување социјален пакет за вработените во Југохром.