mksqen

Презентирана првата сторија од Проектот за развој на еколошкото истражувачко новинарство

Презентирана првата сторија од Проектот за развој на еколошкото истражувачко новинарство

Типографија

„Евтини половни автомобили, скапо платени со здравјето на луѓето“ е насловот на првата истражувачка сторија што е изработена во рамките на Проектот за развој на еколошкото истражувачко новинарство. Тимот за изработка на сторијата, предводен од здружението „Егри“, ја презентираше сторијата во салата на советот а општината Крива Паланка.

По презентацијата се одржа и дискусија за придобивките и за загубите од увозот на поволните автомобили како економско-социјална мерка, како и за загадувањето на животната средина и за здравствените аспекти од нејзиното спроведување.

Истражувачката сторија е изработена со подгрант на Центарот за еколошка демократија Флорозон, во рамките на Проектот за развој на еколошкото истражувачко новинарство, финансиски поддржан од Европската унија. Во рамките на проектот ќе се изработат уште девет истражувачки стории.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија