mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Утре во Скопје трета меѓународна конференција за климатски промени

Утре во Скопје трета меѓународна конференција за климатски промени

Типографија

Скопје утре ќе биде домаќин на Третата меѓународна конференција за климатски промени.

Конференцијата е во организација на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени.

На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 100 претставници на граѓански организации од Македонија и странство, претставници од УСАИД, УНДП, Глобален еколошки фонд, Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа, Културна мрежа Рамсар, како и други претставници од дипломатските мисии во Македонија. На конференцијата исто така ќе учествуваат академици и практичари од областа на адаптацијата и ублажувањето на климатските промени, експерти за одржлив развој, носители на одлуки, претставници од Националната агенција за енергија, Центарот за управување со кризи, Директоратот за заштита и спасување, како и други претставници од министерства, општински власти и од приватниот сектор.

Конференцијата има за цел да стимулира трансфер на знаење и соработка за критички прашања поврзани со климатските промени. Покрај тоа, форумот исто така има за цел да охрабри интегриран пристап и да ги усогласи напорите на заинтересираните страни за справување со климатските промени.

На оваа конференција, УСАИД исто така ќе ги одбележи постигнувањата и успешното завршување на својот четиригодишен Проект за општински стратегии за климатски промени, кој подготви десет македонски општини подобро да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени.

Настанот ќе се одржи на ФОН Универзитетот во Скопје  со почеток во 13 часот,  предвидено е тридневната конференција да ја отворат директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, Ректорот на ФОН Универзитетот, Нано Ружин, како и Националниот координатор за климатски промени при Министерството за животна средина и просторно планирање,  Теодора Обрадовиќ Грнчаровска.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS