Редовно тече вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово и соседните општини.
За оваа намена, соопштуваат од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“, формирани се екипи кои ги вакцинираат кучињата по однапред определни реони во градот, приградските населби и селата во кумановско.
Сопствениците веќе се информирани и дел од нив самите ги носат домашните миленици во центарот за вакцинација.
- Сопствениците веќе се информирани дека вакцинацијата против беснило е почната. Вакцинацијата почна навреме во јануари и досега се спроведува тековно по планот и програмата - велат ветеринарите.
Според проценките на стручните служби од центарот со вакцинација треба да бидат опфатени помеѓу 2.000 и 2.500 кучиња. Цената на вакцината против беснило, која вклучува и таблети против паразити изнесува 500 денари. Вакцинацијата е редовна и се спроведува во периодот од јануари до мај.