Здравствените работници од Куманово се информира за безбедните начини со управување на медицинскиот отпад.
Обуката ја организираше Еко клуб од Битола.
Присутните здравствени работници од болницата и здравствените домови, приватните здравствени установи, Центарот за јавно здравје имаа можност да се запознаат со безбедните начини преку кои овој отпад се собира, мери, пакува, пренесува и уништува.
- Ова е многу важна проблематика, и вршиме обуки со години наназад. Многу важно, прво од аспект на заштита на здравјето на самите здравствени работници, лицата кои се занимаваат со отпадот во здравствените установи, лицата кои го собираат и транспортираат и оние кои на крај го уништуваат. Сето тоа мора да биде на безбеден начин за да немаме негативни здравствени влијанија. Тука е хепатит Б на пример, милиони луѓе во светот заболуваат секоја година, тоа е оштетување на црниот дроб кое може да биде и фатално, доколку не се третира навреме, заради тоа имаме и воведена вакцинација кај лицата што се во професионален ризик. Тука се и други заболувања како хепатит Ц кое поретко, се јавува и други заразни заболувања. Медицинскиот отпад не е еден вид отпад тоа се повеќе видови на отпад. Најголем дел е инфективниот отпад каде самото име кажува дека може да предизвика зараза или инфекција - вели професорот Михаел Кочубовски од Институт за јавно здравје на Македонија.
Еко клуб од Битола, од 2000 година заедно со надлежните институции, Министерството за животна средина и просторно планирање и Санитарната државна инспекција, организира семинари кои се однесуваат за собирање, танспортирање и третман на медицинскиот отпад.
Семинарот, како што рече и управителот на Еко клуб Сашо Јанакиевски, се одржува на два-три месеци за да може што подобро да се запознаат комитентите и здравствените работици ризикот од не третирањето на медицинскиот отпад.