mksqen
21
Сре, Мај
0 Нови / 7 дена

Склучени педесетина договори за набавка на огревно дрво во Гостивар

Склучени педесетина договори за набавка на огревно дрво во Гостивар

Типографија

Во подружницата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ Шар од Гостивар, од почеткот на годината склучени се педесетина договори за набавка и испорака на огревно дрво. Најмногу од заинтересираните граѓани ја користат можноста за плаќање на рати.

  • Од објавувањето на огласот секојдневно се склучуваат по четири до пет договори, а во наредниот период очекуваме и зголемување на интересот кај граѓаните. Крајниот рок за поднесување на барања и склучување на договори е З март и до тој датум цената ќе биде загарантирана. Тоа значи дека за еден кубик буково дрво ќе се плаќа по 2.370 денари и 2.450 денари за даб - вели Форе Милошевски раководител на подружницата Шар од Гостивар.

Според него граѓаните имаат можност да го отплаќаат огревното дрво на шест еднакви рати, а првата рата се плаќа со склучување на договорот. Превозот се плаќа дополнително.

Граѓаните од социјално ранливите категории можат да користат и некои предвидени поволности. За нив е предвидено, огревното дрво да го плаќаат на повеќе рати, а добиваат и 10 отсто попуст, доколку ја платат целата сума одеднаш.

Минатата година, гостиварската подружница на ЈП „Македонски шуми“ испорача и продаде 12.500 метри кубни огревно дрво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија