mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Граѓанска иницијатива за спас за Попова Шапка

Граѓанска иницијатива за спас за Попова Шапка

Типографија

Здружение на граѓани кои се разочарани од запоставување од страна на властите почнаа иницијатива за спасување на Попова Шапка.

Тие ги обвинија локалните и државните институции дека и покрај бројните ветувања немаат спроведено ниту еден проект за развој на овој значаен туристички центар.

  • Ние граѓаните од чиста совест сакаме Попова Шапка да ја гледаме што подобро, почиста, уредена по стандарди, искористена од еколошки, туристички, рекреативен, спортски аспект.

Граѓанската иницијатива е под мотото „Да ја спасиме Попoва Шапка“ и сакаме да ја изразиме нашата загриженост за уништување на туристичкиот центар во овие 15 години, оставајќи го без никаква инвестиција, без нфраструктура, без одржување, без никаков конкретен проект. Попова Шапка е оставена без никакво модернизирање на туристичките капацитети -информираа од Здружението на граѓани.

Според нив на Попова Шапка не се знае кој јаде и кој пие, таа е претворена во место каде секој прави тоа што сака и мисли, краде колку што може, вработува и брка од работа кој кого сака. Капацитетот се искористува максимално без да се превземе иницијатива за да се обновува, чисти, да биде привлечна и профитабилна, од здравствен, спортски, туристички и економски аспект, додаваат од Здружението.

Тие ги повикаа сите граѓани,интелектуалци,правници,економисти,експерти за туризам да се придружат и да даваат поддршка на спасување на Попова Шапка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS