mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

САД донираше опрема за спасување од поплави за ДЗС

САД донираше опрема за спасување од поплави за ДЗС

Типографија

Донација вредна 30 илјади долари која се состои од материјално технички средства и опрема ја прими Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Амбасадата на САД во Македонија.

Директорот на Дирекцијата Шабан Салиу рече дека со овие материјални технички срества и опрема го дополнуваат целиот систем на заштита и спасување кој ДЗС претходно го примила од повеќе држави од Европа.

  • Со овие технички средства и опрема се зголемува оперативната можност на Дирекцијата односно тимовите за заштита од поплави како и ефикасноста во справувањето при евентулани поплави во нашата држава - истакна Салиу.

Шефот на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Полковник  Џефри Ван Сикл рече дека по поплавите во август минатата година, а по барање на македонската влада, тие заедно со ДЗС составиле список за најпотребни работи за да се помогне при спасување на човечки животи од потенцијални поплави.

  • Нашата цел е да им помогнеме  на спасувачките екипи од ДЗС во нивната важна мисија  да одговорат на предизвиците предизвикани од поплави и други природни непогоди низ македонија - истакна Ван Сикл.

Опремата се сотои од  57 водоотпорни одела, 55 пара водоотпорни високи гумени чизми, 25 заштитни маски со филтер, 40 челни ламби со вградени батерии и 35 рефлектори.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS