mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Пограничен проект на Македонија и Бугарија за чист воздух

Пограничен проект на Македонија и Бугарија за чист воздух

Типографија

Проблемот со загадувањето на воздухот и јаглеродните емисии во пограничниот регион со Бугарија ќе се решава преку проектот„ Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион“.

Проектот ќе се имплементира 15 месеци и е поддржан со 105 илјади евра преку ИПА програмата за прекугранична соработка.

Како што рече Јасминка Пашалиска - Андоновска од Центарот за лековити билки „Амброзија“ од Пехчево, ова е пионерски проект за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Пехчево, Берово, Виница и Делчево од македонска страна и во Благоевград, Сандански, Кресна Симитли и Струмјани од бугарска.

  • Во сите овие девет општини досега немало мерни единици кои ќе ни покажат дали има и во колкава мерка е загадувањето на воздухот. Преку активностите од овој проект планираме да направиме детална анализа на јалгеродните емисии, мониторинг на воздухот во сите годишни времиња. Овде досега не се вршени никакви мерења на загаденоста и очекуваме да добиеме реални податоци за вистинската состојба - рече Пашалиска - Андоновска на промоцијата на проектот.

Сите структури од овие девет општини вклучени во проектот, рече, ќе изготвуват заеднички стратешки документ.

  • Треба да се донесе стратешки документ за нискојалгеродна политика кој во иднина ќе биде рамка за следните активности на локалните власти, бизнис секторот и невладините организации со цел заеднички да придонесеме за намалување на јаглеродните емисии - додаде Пашалиска - Андоновска.

Генералната цел на проектот е заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во пограничната област.

Според Ѓорѓи Бојков од  Кластерот на  Обновливи извори на енергија, Благоевград, идејата е претставниците на општините, невладиниот сектор и бизнисот, да отворат дебата, да бараат насоки, начини и решенија на овој проблем.

  • Овој проблем го има, тоа е документирано и е факт, но прашање е како да го решиме овој проблем - рече Бојков. 

Активностите кои ќе се преземаат ќе завршат со дебата и со вклучување експерти од оваа област.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS