mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Акција за заловување кучиња скитници во Куманово

Акција за заловување кучиња скитници во Куманово

Типографија

Во Куманово почнува акција за заловување на кучиња скитници.

Стручни екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ кои се задолжени за спроведување на акцијата ќе ги заловат кучињата и ќе ги сместат во прифатлиште кое ги исполнува стандардите. Кучињата се чуваат триесет дена, подлежат на третмани, а потоа се пуштаат на локацијата каде што се заловени.

  • Акцијата ќе се спроведува наредните денови. Граѓаните не информираат секојдневно каде се лоцирани, се јавуваат телефонски - вели комуналниот редар од Секторот за инспекциски надзор, Гордан Таневски.

За заловување на кучињата скитници, Општина Куманово одвои 800 илјади денари во јули. Тендерот го доби ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ и ќе трае се до јули оваа година. Досега од јули заловени се 200 кучиња скитници.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS