Пчеларите во кочанско не се задоволни од приносите на мед добиени минатата година кои изнесуваат од осум до 10 килограми по пчелно семејство.
Според пчеларите, временските услови се причина приносите на мед да бидат просечни.
- Во месноста „Обозна“ над Виница каде што се одгледуваат пчелни семејства, пчеларите имаа сосема просечен принос за разлика од 2015 година - вели Слободан Данилов, пчелар од Кочани.
Тој посочува дека проблем во студениот период е здравствената состојба на пчелите и појавата на болеста ноземоза која е кобна за пчелните семејства.
Пчеларите сметаат дека допрва ќе се пресметаат загубите на пчелните семејства кои би се движеле од околу 30 или 40 отсто во зависност од совеста на пчеларот и од тоа колку е успешно зазимувањето на пчелите.
Тие додаваат дека приходите од субвенции претставуваат сигурност за нив, но посочуваат дека се уште има нелојална конкуренција на пазарот и оти во трговските маркети се продава мед со сомнителен квалитет.