Македонија лани во ноември вкупно потрошила 695.934 мегават часови електрична енергија.
Исто така се потрошиле и 33.459 милиони нормални метри кубни природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2016 година 79,8 отсто од потрошената електрична енергија во земјава е од домашни извори, а 94,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен е употребена за производство на струја.