mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Се повеќе пожари од запалени оџаци во струмичко

Се повеќе пожари од запалени оџаци во струмичко

Типографија

Околу 150 пријавени интервенции на запалени оџаци се регистрирани во зимската сезона во Дирекцијата за заштита и спасување, центар Струмица, во кој влегуваат и општините Босилово, Василево и Ново Село. Оттаму велат, дека неисчистените оџаци се 95 проценти причинители на пожарите во зимата.

Од ДЗС информираат дека инспекторите пред почетокот на грејната сезона направиле 70 вонредни контроли пред се во институциите.

  • Години наназат, имаме зголемување на пожарите во објектите во зимскиот период и ниските температури и користењето грејни тела, независно дали се користи цврсто или течно гориво или пак електрична енергија. Пред почетокот на сезоната направивме 70 вонредни контроли во јавните претпријатија, угостителски објекти, фабрики и други институции и не констатиравме неправилности - вели Митко Димчев, инспектор во Дирекција за заштита и спасување, Струмица.

Според него, најчесто во постарите објекти, каде изведбата на оџакот не е направена по стандарди и каде што дошло до нарушување на конструкцијата се случува од испуштање врел гас да се запали покривната конструкција.

  • Се случува и пожар од дополнително користење електрично напојување. Во случаи каде просторијата се грее со електрично тело, ако е вклучено на продолжителен кабел, може да дојде до загревање и палење на објектот - објаснува Димчев.

Казната за приватни лица се движи од 1.000 до 2.000 евра, а за фирмите од 2.000 до 5.000 евра во денарска против вредност. Законска обврска за чистење имаат институциите најмалку еднаш во грејна сезона да ги исчистат оџаците или пак инсталациите на котлите на парното греење.

  • Дополнително преку годината, Дирекцијата за заштита и спасување врши двесте контроли кои влегуваат во редовниот распоред, а во кои ја проверуваме подготвеноста на објектите и за елементарни непогоди - вели Димчев.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS