mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

АХВ ја следи состојбата со птичјиот грип во регионот и Европа

АХВ ја следи состојбата со птичјиот грип во регионот и Европа

Типографија

Во Македонија  нема птичји грип. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како што соопшти, будно ја следи состојбата со болеста во регионот и Европа и е во континуирана и координирана комуникација со ветеринарните служби од соседните држави.

Според АХВ, птичјиот грип бил тема на координативен состанок што го одржал директорот Зоран Поповски со претставници од 15 релевантни институции.

Целта на состанокот била координирање на активностите и обврските на секоја од институциите за преземање соодветни мерки за брзо и ефикасно справување со евентуална појава на птичји грип во Македонија. Се дискутирало за состојбата со болеста во Европската унија и во регионот, особено во соседните земји Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија, а презентирани биле и сите досегашни активности и преземени превентивни мерки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

На состанокот, додава АХВ, биле разгледани и сите можни сценарија при евентуална појава на болеста, како и начинот на делување за справување со птичјиот грип.   

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS