mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

ЕЛЕМ: ХЕЦ Бошков Мост е значаен енергетски проект

ЕЛЕМ: ХЕЦ Бошков Мост е значаен енергетски проект

Типографија

АД ЕЛЕМ смета дека ХЕЦ Бошков Мост е значаен енергетски проект, бидејќи ќе придонесе за зголемување на домашното производство на електрична енергија и ќе го збогати портфолиото на обновливи извори во Македонија.

Во рамки на развојните активности на проектот, се наведува во соопштението од ЕЛЕМ, изготвена е целосна документација во однос на заштитата на животна средина согласно законите на Македонија, политиките на ЕУ во врска со заштита на животна средина, како и политиките за заштита на животна средина на ЕБОР.

  • Во склоп на студијата за оценка на влијание врз животната средина (СОВЖС) направена е анализа на влијанието врз животната средина и биолошката разновидност, вклучувајќи ги големите цицачи, а со тоа и Балканскиот рис. Врз основа на тие анализи се предвидени мерки за избегнување или намалување на влијанијата од изградба и работа на хидро-енергетскиот систем врз биолошката разновидност - велат од АД ЕЛЕМ.

Од таму потенцираат дека ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија ја одложи реализацијата на проектот во согласност со препораките на Бернската Конвенција.

  • Од досегашните сознанија во врска со отворениот случај во Бернската конвенција, проектот Бошков Мост нема да има влијание врз популацијата на Балканскиот рис. Напротив, мерките за намалување на влијанието на проектот кои се предвидени во целокупната документација за заштита на животната средина и биолошката разновидност вклучуваат активности кои се во насока на зачувување и подобрување на статусот на Балкансиот рис - велат од ЕЛЕМ.

Во досегашниот степен на реализација на развојните активности за проектот ХЕЦ Бошков Мост, потенцираат, ЕЛЕМ немаше потреба од повлекување на средства од кредитната линија на ЕБОР.

  • По завршувањето на пет годишниот период на важноста на договорот за кредитирање на проектот, неговото обновување ќе значеше зголемени финансиски импликации поврзани со одржувањето на кредитната линија. АД ЕЛЕМ продолжува со проектно-техничките активности за проектот „Бошков Мост“ во согласност со своите развојни политики, што ќе придонесе за изготвување  платформа за креирање на понатамошни инвестициски одлуки - посочуваат од АД ЕЛЕМ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија