mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Ловџиите извршија прихрана на дивеч во Липковско

Ловџиите извршија прихрана на дивеч во Липковско

Типографија

И покрај ниските температури, членовите на ловџиското друштво „Шќипоња“ од Липково извршија прихрана на дивеч во липковскиот регион.

Јовица Стојиќ, член на друштвото вели дека прихраниле срни, дива свиња и друг вид диви животни. На претходно утврдени локации оставале сено, детелина, сол и пченка.

  • Прихраната е многу значајна за животните и мислам дека успешно ја спроведовме во неколку наврати иако беше тешко да се дојде до одредени места поради високите наноси снег. Со ваква акција ќе продолжиме и во наредниот период -  вели Стојиќ.

Здружението во овој период активно соработува со МВР и граничната полиција, постојано се на терен како превенција од ловокрадци.

Стојиќ напомена дека ловџиите мора да поседуваат дневни дозволи. Во реонот што го опфаќа „Шќипоња“, ловиштето број 2 - Думановце, кој, пак, ги опфаќа речиси сите села од Липковско кон границите со Србија и Косово, има доволен број дивеч, особено дива свиња чиј лов завршува на 31 јануари годинава, а за штетен дивеч, волк, лисица продолжува цела година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS