mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Редок мршојадец пронајден повреден во Прилеп

Редок мршојадец пронајден повреден во Прилеп

Типографија

Македонското здружение за заштита на бувовите (МОТ) бара законска одговорност за случајот со реткиот египетски мршојадец што бил пронајден повреден во Прилеп.

Според здружението, оваа птица воопшто не би требало да биде во Македонија во јануари, што значи дека спротивно на законите била заловена и чувана како домашно милениче.

  • Колку важна, ретка и драгоцена птица за Македонија, која во никој случај не би смеела да се приземји и да претвори во заробен љубимец. Тоа би било тежок криминал! Ова е египетски мршојадец или кања (Neophron percnopterus), прекрасна женка на возраст од пет години. Таа е преселна птица и овој период од годината е многу далеку од Македонија. Затоа се зачудивме кога дознавме од нашите пријатели од Анима Мунди дека во Прилеп е пронајден повреден египетски мршојадец, кој крвари од неговото лево крило - велат од здружението.

Кањата, додаваат тие, се нашла во дворните места на нивните совесни пријатели Гога и Стефан кои веднаш ја згрижиле и побарале помош за неа. Брзо се организирале да ја пренесат во Скопје.

  • Во Ветеринарен Центар - Скопје констатиравме лесна повреда на левото крило која е санирана и е одредена антибиотска терапија, видно намалена телесна тежина и изгладнетост, но и покрај тоа е во добра здравствена состојба. Во март ке биде слободна -додаваат од МОТ.

Но тие нагласуваат дека тоа не смее да биде крај на случајот со пронајдениот мршојадец.

  • Што се случувало со кањата? Што бара една кања, целата извалкана, со видно лошо минато, па и повредена, во Прилеп, во јануари? Веднаш ни замириса на криминал, на криволов. Неофицијално, кањата била пронајдена во близина на селото Тројаци во јули минатата година, и лесно заловена. Повеќе од шест месеци е во заробеништво, за среќа некако успеала да излезе од живеалиштето, но кутрата била нападната од кучето. Сепак имала среќа, лесната рана на левото крило не е ништо во споредба со слободата - истакнуваат од МОТ.

Понатаму додаваат дека иако шест месеци овој мршојадец бил држен во заробеништво, тоа не било пријавено во ниту една институција. Според нив во времето коа била заробена сигурно била мајка, и според нејзиниот изглед, грижата за неа била лоша. Затоа бараат законски казни за лицата што ја заловиле.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS