Дел од жителите на Кавадарци и ма Росоман од синоќа останаа без вода за пиење, поради проблеми во функционирањето на водоводот предизвикани од студеното време.
Раководителот на Организационата единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие "Комуналец" од Кавадарци, Марјан Прескакулев информираше дека од студот замрзнале хидро-објекти на главниот цевковод со кој вода за пиење се обезбедува од регионалниот водовод „Лукар".
- Наши екипи се на терен и интензивно работат на надминување на проблемот - рече Прескакулев.
Тој нагласи дека поради замрзнатите хидро-објекти намален е дотокот на вода така што вода има во ниските зони, послабо во средните и воопшто ја нема во горните зони.
Поради студот, се посочува, бројни домаќинства се соочуваат со замрзнати чешми и канализации.