Граѓаните редовно да ги чистат оџаците во индивидуалните домови и колективните згради за да не дојде до нивно палење и несакани последици, апелира Територијалната против пожарна единица од Струга.
Пожарникарот Бесим Кадриу препорачува оџаците да се чистат два пати годишно пред и по завршувањето на грејната сезона, а доколку дојде до нивно палење веднаш да се јават на 193 за навремено да реагираат.
- Во зимскиот период поради потребата за загревање на домовите опасноста од палење на оџаците е поголема. Апелирам граѓаните да ги чистат редовно оџаците за да не дојде до нивно палење и што побргу да го искористат бројот 193, да пријават пожар за навремено реагирање на пожарникарите да не дојде до несакани последици и акцијата да биде што поуспешна - вели Кадриу.
Тој посочи дека во овој период имаат чести интервенции на запалени оџаци, но статистички споредено со претходните години бројот опаѓал.
- Последните две години е намалена бројката на пожари поради подигањето на свеста кај граѓаните. Пожарот нанесува штета и свеста работи кај граѓаните - истакна Кадриу.