mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

За новогодишната ноќ ведро и студено, до минус 13 степени

За новогодишната ноќ ведро и студено, до минус 13 степени

Типографија

На првото утро во Новата година ќе биде студено, со минимални температури од  минус 13 до минус  4 степени.

Слични температури се очекуваат и во понеделник кога утринската ќе се движи од минус 13 до минус пет, додека дневната од три до девет степени. Во понеделник и во вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а преодно наоблачување со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег ќе има во среда. Утринската и дневната температура ќе биде во благо покачување. 

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко и студено. Долж Повардарието ќе дува слаб ветер од северен правец.

Во вторник изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, а преку денот ќе има зголемување на облачноста особено во западните и северозападните делови, каде кон крајот на денот ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег. Локални врнежи од дожд и снег се очекуваат и в среда и четврток, кога и утринските температури ќе бидат во пораст. Потоа до наредниот викенд се очекува стабилно и суво време.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија

This module can not work without the AcyMailing Component