mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Полска компанија и донираше опрема за справување со поплави на ДЗС

Полска компанија и донираше опрема за справување со поплави на ДЗС

Типографија

Опрема од техничко-материјални средства вредна 22.000 евра за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска донираше полската фирма Росомак С.А.

Директорот на (ДЗС) Шабан Салиу информира дека донацијата се состои од 250 пумпи за вода со различен капацитет, 30 агрегати за електрична енергија и 51 носило. Тој кои упати голема благодарност до компанијата и до амбасадорката на Македонија во Полска Горица Атанасова Ѓорѓеска.

  • Донацијата се состои од материјално технички средства и опрема, а со ова ДЗС ги збогатува своите материјално технички капацитети кои се од голема важност при евентуални поголеми природни катастрофи - рече Салиу.

Членот на бордот на директори на Росомак С.А., Мачеј Пжибила, рече дека нивната компанија повеќе од пет години соработува со институциите во Македонија и со Министерството за одбрана.

  • Веднаш штом слушнавме за поплавите ние бевме шокирани, и кога абасадорката Горица Атанасова-Ѓорѓеска не повика знаевме дека е вистински момент. Веднаш штом ги завршивме сите подготовки во однос на документацијата ја испративме помошта во Македонија - рече Пжибила.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија