mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Зимско искачување на Руен

Зимско искачување на Руен

Типографија



Четириесетина планинари од Крива Паланка, Куманово и Скопје се искачија на највисокот врв на Осоговските Планини, Руен, висок 2.252 метри.
Акцијата за зимско искачување на Руен ја организираа Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен" и Планинарско друштво „Куманово", а учествуваа и планинарите-гости од ПД „Трансферзалец“ Скопје.
- Ова беше последна годинашна акција планирана со Програмата за 2016. Станува збор за традиционалното зимско искачување на Руен. Стартот на акцијата беше кај месноста наречена „Машинска“ кај рудникот за олово и цинк Тораница, од каде официјално започна искачувањето. Патеката е средно тешка, со денивелација од 700 метри искачување и исто толку за спуштање од планината - информира Теодор Јовановски од ЗПЗП „Калин Камен“.
Должината на трасата е околу девет километри во еден правец за што се потребни од два и пол до три часа движење.
- Искачувањето помина во многу тешки временски услови, со силен, интензивен северен ветер од над 80 километри на час и температура од минус 15 степени, но за среќа, ниту еден од учесниците не се откажа и сите успешно ја завршија оваа акција со која се заокружуваат активностите за годинава. Најмладиот член, кој воедно и правпат се искачува на планина имаше само 12 години - изјави Драган Величковски од ЗПЗП „Калин Камен“.
Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен" Крива Паланка одржа и годишно собрание на кои беа избрани нови членови на раководството, а за нов претседател беше избран Мартин Митровски, кој воедно е претседател и на управниот одбор на здружението.
Тагови: Руен, планина, природа

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS