mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Отошничка брана порибена со 102 килограми крап (видео)

Отошничка брана порибена со 102 килограми крап (видео)

Типографија

Во рекреативната зона Отошница во општина Ранковце во браната на Отошничка Река беа пуштени 102 килограми крап.

Порибувањето го изврши здружението Спортско-рекреативен клуб „Мрена“ од Крива Паланка, согласно годинашната Програма за порибување на концесионерскиот реон Крива Река 1 со кој стопанисува шест години.

  • Браната Отошница е порибена со 102 килограми крап, согласно договорот кој здружението го има со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Порибувањето го вршиме втора година по ред, со донација од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и две компании кои стопанисуваат со мини хидроелектраните на Крива Река, сите придонесувајќи за збогатување на рибниот фонд на овој реон - информираше Александар Рангелов, претседател на „Мрена“.

Истакна дека порибувањето ќе го зголеми интересот на рибарите од регионот и соседство кои редовно доаѓаат на риболов во овој реон.

  • Рибата е набавена од овластен репроцентар „Акватик“ од Неготино. „Отошничка брана“ покрај со крап изобилува со пастрмка, порибена во 2010 година. Во браната има и клен и  попадика - додаде Рангелов.

„Мрена“ од Крива Паланка е едно од најстарите здруженија за спортско-рекреативен риболов во државата, формирано во 1954 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија