mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Куманово бара мерки за намалување на загадувањето

Куманово бара мерки за намалување на загадувањето

Типографија

Граѓаните на Куманово бараат итна рекација од надлежните институции и мерки за намалување на загадувањето на воздухот, откако во последнава недела неколку мерната станица во градот регистрираше повеќекратно зголемување на честичките ПМ10 и ПМ2,5.

Раководителката на  надлежниот сектор за животна средина и просторно планирање во Куманово, Лидија Ланг Спасовска, соопшти оти информацијата дека Куманово е еден од најзагадните градови во Македонија ја добиваат, како што потенцира, преку медиумите и нагласи дека ниту една институција до нив нема доставено известување дека градот е загаден повеќе од дозволеното.

Таа додава дека како сектор за заштита на животна средина веќе презеле одредени мерки.

  • Се обративме до Министерството за животна средина да укажеме дека мерната станица не работи континуирано, така што се сомневаме во исправноста на податоците кои се доставени до јавноста. Од друга страна, секторот за инспекциски надзор заедно со регионалниот инспектор ги посетија сите субјекти кои што се од поголем капацитет и кои се реални загадувачи на животна средина, на кои им се доставени укажувања и решенија да вградат филтри и распрскувачи во објектите со што би се намалила загаденоста. Доколку не постапат по тие укажаувања ќе се преземат законски мерки - изјави Ланг Спасовска.

Таа објасни дека во рамките на годишната програма се преземаат мерки за пошумување на одредени локации, како и воведување на гасификација, која како што рече не се спроведува со предвидената динамика.

  • Сепак, значајно е и граѓаните да се однесуваат совесно во вакви ситуации да користат градски превоз наместо автомобили. Доколку дојде до поголемо загадување ќе реагираме како сектор, ќе излеземе пред советот на општината со програма за начин на користење на јавен превоз, начин како во централното градско подрачје ќе се користат возилата - вели Ланг Спасовска.

Според неа не се исклучува и можноста да се поднесе иницијатива за забрана за сообраќај во неколку улици во централното градско подрачје, согласно законските можности.

Раководителот на одделението за социјална медицина од Центарот за јавно здравје, доктор Марјан Денковски, вели дека по поправката мерната станица која е лоцирана во кругот на општата болница Куманово, регистрира зголемена загаденост на воздухот во Куманово.

Загадувањето, како што објасни, негативно влијае врз дишните патишта, кардиоваскуларниот систем, предизвикува алергиски реакции на кожата, а проблемите најчесто ги чуствуваат хронично болните лица и децата.

Мерната станица за квалитетот на воздухот во Куманово по пазуза од  неколку години повторно беше ставена во функција во февруари годинава.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS