Еко квиз во организација на еколошкото друштво „Тисовец” во соработка со „Фени индустри” се спроведе во Кавадарци.
Квизот се организира трета година по ред и во него учествуваат ученици од петтите одделенија.
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов рече дека ако сакаме да имаме почиста животна средина, мора да се гаи едукацијата и да се има високо развиена еколошка свест уште од најмала возраст.
Зорица В’чкова како претставник од Локална самоуправа вели дека е ова единствен ваков квиз во државата.
Ана Андова, член на тимот за општествена одговорност од „Фени индустри“ рече дека намерата со овој квиз била да се вложуваат континуирани напори за учество на повеќе општествени субјекти во градењето на концепт за соодветно еколошко и општествено одговорно однесување од најрана возраст.
Претседателот на „Тисовец” Сашко Данов, рече дека вовеле еден поинаков вид едукација преку натпреварување и нагласи дека низ овој квиз досега минале околу 1.100 деца, а преку нив се едуцирале и нивните блиски.