mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Денес ведро време со ветер од 80 километри на час

Денес ведро време со ветер од 80 километри на час

Типографија

Сончево и ветровито е утринава во Македонија, а долж Повардарието, но и во Струмичко и делови од Пелагонија ветерот дува со брзина и до 80 километри на час.

Температурата ќе се движи од 3 до 10 степени.

Утринава најладно е во Лазарополе каде се измерени минус 3 степени, потоа во Маврово, Охрид, Крушево и Ѓуриште каде температурата била минус 2 степена, минус 1 степен е измерен во Дебар, Претор и Берово, 0 во Тополчани, Пожаране, Крива Паланка, Битола и Куманово.

Еден степен над нулата е измерен во Прилеп, 2 во Виница и Тетово, 3 во Скопје Петровец, 4 во Штип и Скопје, 5 во Демир Капија и Струмица, 6 во Дојран и 8 во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде сончево и ветровито со засилен северен ветер, а температурата ќе достигне до 6 степен.

До 8 часот во Крива Паланка е наврнат дожд од еден литар на метар квадратен, а снежна покривка од еден сантиметар има во Маврово.

Според Управата за хидрометеролошки работи, денес ќе продолжи да дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе достигнува брзина од 80 километри на час. Дневната температура значително ќе опадне. Во наредните денови ќе биде стабилно и студено, а особено студено ќе биде утре наутро.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег, кој не се задржува на коловозот, провејува на Кула, Страцин и граничен премин „Деве Баир“, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS