mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Седум општини во Југозападниот плански регион добија енергетски ефикасни објекти

Седум општини во Југозападниот плански регион добија енергетски ефикасни објекти

Типографија

Подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во општините Струга, Охрид, Кичево, Дебрца, Вевчани, Пласница и Центар-Жупа беа во фокусот на Југозападниот плански регион изминатава година, за што од централниот буџет се инвестирани 16,5 милиони денари.

Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска информира дека во четири училишта и три градинки се подобрени условите за работа на 4.500 корисници.

  • Во седум јавни објекти од кои четири училишта и три детски градинки се подобрија условите за работа на 4.500 дирекни корисници, преку санација на покриви, замена на столарија, изолација на фасади и вградување системи за греење - истакнува Лозаноска.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, заедно со Советот на планскиот регион, најави дека ги утврди приоритетните проекти за следната година.

  • Акцент е ставен врз подобрувањето на комуналната, патната и туристичката инфраструктура во регионот, како и зголемувањето на енергетската ефикасност на објекти од општ интерес, за што постои особен интерес кај општините - додава Лозаноска.

За оваа намена од државниот буџет очекува да бидат издвоени околу 17 милиони денари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS