Амбасадата на Франција се приклучи кон традиционалната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина.
Претставници на Амбасадата засадија повеќе нови елки на просторот на Француските воени гробишта во Битола. Со оваа акција, Амбасадата најави нова активност што интензивно ќе продолжи во наредниот период. Станува збор за хортикултурно уредување на просторот на новиот Меморијален комплекс.