Битолчани поставуваат улитиматум со итни мерки за решавање на проблемот со аерозагадувањето.
На социјалните мрежи групата „За нас се работи“ повикува на поддршка за битолчани на протестот што го најавуваат за од 1 до 3 декември.
Протестот ќе се одвива под мотото „Битола се гуши, Битола умира !!!“ и ќе биде со тридневна блокада на патниот правец за РЕК - Битола во периодот од 15 до 17 часот.
„За нас се работи“ велат дека доколку не бидат исполнети барањата ќе следува целосна блокада на патот до РЕК - Битола.