Во рамки на проектот за запознавање на младите од Зрновци со локалниот биодиверзитет направени се информативни табли, истражена е биолошката разновидност на реката Зрновка и воспоставена е „Патека на вировите“ која е долга два километра и се наоѓа по течението на реката.
Имплементатор на проектот е Здружение за рурален развој ЈАВОР – Зрновци. Дел од проектот е и формирањето на Клуб на млади истражувачи-Зрновци, каде најмладите учат и се запознаваат со локалниот биодиверзитет.
Општа цел на проектот е создавање на услови за одржливо управување, зачувување и валоризација на природата во општина Зрновци.
Во рамки на проектот е изработена и промовирана публикација за моменталната состојба со водите на реката Зрновка, мерки за заштита и подобрување, оспособен е ресурсен тренинг центар за биодиверзитет во, подготвена, испечатена и дистрибуирана е брошура за природните вредности на општината, изработени над 100 фотографии и цртежи од натпреварот во ОУ „Синиша Стоилов“ на тема биодиверзитет, и изработени се 15 постери со мотиви биодиверзитет во општина Зрновци.
Реализирани се неколку теренски истражувања на реката Зрновка, земени се низа на проби, примероци од флора и фауна во реката, и како финален резултат е добиен Извештај за извршена анализа на алгите и макроинвертебратната фауна на реката Зрновка.